Македонија 27. август 2019. / 20:19

(ВИДЕО) Банана затвор: Терористите од Диво насеље во живо се вклучуваат на Фејсбук и бараат пари

(ВИДЕО) Банана затвор: Терористите од Диво насеље во живо се вклучуваат на Фејсбук и бараат пари

Затворените терористи од Диво Насеље на Фејсбсук се вклучиле во живо и најавиле дека на неколку албански медиуми ќе се појави сметка на која собираат донации. Тие креирале група на Фејсбук, која ја нарекле „Кумановска единица” и преку неа бараат пoмош, преку донации за припадниците на групата и за нивните семејства.

Во видеото најавиле дека редовно ќе се вклучуваат на Фејсбук и ги повкуваат сите Албанци да им помогнат, а парите кои ќе бидат донирани ќе се наменат за нивните семејства и семејствата на загинатите борци. Се поставува прашањето кој дозволува терористи да имаат мобилен и интернет во затвор?