Граѓани од Велес кои попладнево патувале кон Скопје се жалат дека автопатот Скопје-Велес е неисчистен од снегот којшто засилено врне од утрово.
На патот има снег, а ниските температура дополнително го прави ризично сообраќањето на оваа автопатска делница. Како опасна точка, се споменуваат делот од патот кај тунелот во близина на Катланово на делницата Велес-Скопје.
Возачите бараат од „Македонија-пат“ да излезе на терен, бидејќи тие тврдат дека не виделе никаква екипа на терен.
Видеото во продолжение кое е споделено на социјалните мрежи го потврдува тоа.
Автопат Велес – Скопје pic.twitter.com/ykxnA8sF2t
— Шанкерот Даце 🍸 (@Davorche2) February 13, 2021
Во текот на денот, Македонија пат издаде неколку известувања со кои на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема за неколку патни правци, но не и за автопатот Велес-Скопје. Затоа внимавајте при возењето на оваа делница.