Во вчерашната емисија на ТВ24, пратеникот на ДУИ, Артан Груби, покрај ставовите изразени во врска со гласањето за Законот за јазиците и уставните измени на името, при дебатата покажа орел.
Тој го направи тоа откако претходно новинарот го праша што сакаат да покажат лидерот на ДУИ и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со фотографијата објавена на социјалните мрежи и за каква евроинтеграција зборуваат од таа партија притоа објавувајќи фотографии на кои пропагираат национални симболи. Епилогот од жестоката дебата која тој ја имаше со водителот, беше летањето на албанскиот орел и навредата кон македонскит ракометар Стојанче Стоилов, кого го нарече играчот со број 5!
Фотографијата предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи и јавноста.