Македонија 03. ноември 2018. / 18:47

(Видео) Арсовски: За девет месеци, Владата ја задолжи државата за 400 милиони евра

(Видео) Арсовски: За девет месеци, Владата ја задолжи државата за 400 милиони евра

– Власта ја задолжи државата за скоро 400 милиони евра за 9 месеци.Откако СДСМ ја презема власта, долгот не престанува да се зголемува.Секое едно семејство во државата е задолжено со 720 евра за само 9 месеци. Тоа се пари кои со камата ќе ги враќаат идните генерации- изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ова се речиси 400 милиони евра кои власта ги зема без покритие, без со нив да се финансира дефицит или капитални инвестиции кои и онака се на историски најниско ниво. Ова се пари за кои власта не кажува на што се трошат. Ова се пари практично кажано фрлени низ ветер.

-СДСМ, партија која ветуваше намалување на задолжувањето од опозиција, сега од позиција на власт не само што не го намали, туку и го зголеми. За првпат во историјата на државата јавниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра. И додека долгот достигнува  астрономски размери нема  ниту инвестиции, ниту проекти. Ништо од ветените 600  километри автопат, ништо од 550 километри магистрални патишта и ништо од 1100 километри локални патишта.

Лошата изведба на власта и незнаењето  и некапацитетот се гледа и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од предвидените, ова е жално. Дополнително на тоа ако го додадеме и препрограмираниот раст кој е намален на  2.3% доаѓаме до заклучок дека економијата  се ближи до неликвидност.Граѓаните тонат во сиромаштија и се повеќе се зголемува бројката на сиромашни во Република Македонија. Токму затоа  СДСМ  мора да си замине, колку побрзо толку подобро за граѓаните и за државата- рече Арсовски.