Македонија 24. февруари 2019. / 13:19

(ВИДЕО) Арсовски откри уште двајца пратеници кои си ги вработиле семејствата

(ВИДЕО) Арсовски откри уште двајца пратеници кои си ги вработиле семејствата

ВМРО-ДПМНЕ денеска како што рече презентираа 4 нови случаеви од СДСМ заразени со епидемијата непотизам. Од опозициската партија обвинија дека ашко Атанасов од Василево откако бил пратеник си ги вработил своите блиски братучеди Ѓорѓи Иванов како наставник по англиски во ОУ Гоце Делчев и Зоран Атанасов исто така како наставник по физичко во истото училиште Гоце Делчев во Општина Василево. Додека пак, третиот што го вработил, односно третата е кој ако не неговата кума која што пратеникот ја вработил во општината во Василево, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

-Не заостанува и неговата колешка од Тетово Татјана Лалчевска која што е пратеник од редовите на СДСМ. Таа замислете ја вработила својата ќерка во детската градинка Младост –рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.