Македонија 02. јануари 2019. / 13:55

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Во новата година заеднички да гласаме за Северна Република Македонија

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Во новата година заеднички да гласаме за Северна Република Македонија

Лидерот на Демократскиот Сојуз на Ромите и пратеник на владеачката коалиција Амди Бајрам денеска побара да се гласа за име кое што не стои во договорот со Грција ниту во предложените уставни амандмани.

Пратеникот со најдолг стаж во македонското собрание во истата изјава признава дека промената на името е во интерес на политичарите.

Бајрам во изјава за Пресингтв.мк во два наврати апелира во 2019 година да се гласа за името Северна Република Македонија.

Грција предходно одби да прифати зборот Северна да биде на почетокот на целото име на земјава затоа што се плашеше дека така Македонија ќе може да ја користи продавката Македонски за нацијата и јазикот и на крајот на 25 годишните преговори беше договорено името Република Северна Македонија.

Видеото на пресингтв.мк