Македонија 08. April 2019. / 19:39

(ВИДЕО) Активист на СДСМ фатен како кине плакати: Јас за тебе сум господин!

(ВИДЕО) Активист на СДСМ фатен како кине плакати: Јас за тебе сум господин!

Виден член на владејачката СДСМ бил фатен на дело како кине плакати на кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова.

На дело, додека ги кинел плакатите, бил фатен од претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Стефан Синадиновски – Цеко.

-Поминував и го видов господинот како ги кине плакатите кои претходно некој ги залепил, го извадив телефонот за да го снимам, по што тој почна да ми се заканува. – вели Синадиновски за Лидер.

Младиот функционер на опозициската партија, до нашата редакција достави и видео од настанот, во кое фатениот му вели „Јас за тебе сум господин!“.

Инаку, господинот кој бил фатен како кине плакати, според младите на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром е лицето Димче Аницин, кое во исто време е член во избирачкиот одбор на едно од избирачките места во скопски Аеродром. Аницин доаѓа да го води изборниот процес како вработен во администрацијата.

Фотографиите во прилог, говорат за тоа како тој ги искинал плакатите во Аеродром.