Македонија 20. август 2019. / 11:04

(ВИДЕO) Јанева влезе на распит за случајот „Рекет“: Се надевам дека мојата изјава ќе придонесе на успешно завршување на истрагата

(ВИДЕO) Јанева влезе на распит за случајот „Рекет“: Се надевам дека мојата изјава ќе придонесе на успешно завршување на истрагата

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за случајот „Рекет“ кај нејзината колешка од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, пренесе 360 степени.

Таа е поканета да даде исказ како сведок, но за разлика од сведоците што беа сослушани досега, таа на распит дојде со адвокат. Ја застапува адвокатот Стеван Павлевски, кој е поранешен републички јавен обвинител. Павлески е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески.

Во изјавата дадена пред да влезе кај Русковска, Јанева испрати две пораки: дека обвинителите од СЈО се легитимни застапници на обвиненијата пред суд и дека таа доаѓа да даде исказ со надеж дека ќе помогне да се забрза истрагата.

Јас сѐ уште сум обвинител на Специјалното јавно обвинителство. Се надевам дека денешната моја изјава ќе придонесе на успешно завршување на истрагата која е во тек“, рече Јанева.

Шефицата на СЈО ги игнорираше новинарските прашања и по кратката изјава влезе на распит.