Македонија 26. февруари 2019. / 14:55

Вице Заев не може да одлучи дали е јавна личност или не

Вице Заев не може да одлучи дали е јавна личност или не

Интересна ситуација на денешното рочиште помеѓу братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Една од клучните поенти зошто Заев го тужи Николоски е тоа што Николоски изнел обвинувања за него, иако тој не бил јавна личност.

За време на распитот Николоски изнесе документирани примероци на две интервјуа за медиумите на Вице Заев и го праша како е можно еден човек кој не е јавна личност да дава интервјуа.

– Немам дефиниција за тоа што е јавна личност, но јас не се чувствувам како јавна личност. Но еве, и да сум јавна личност тоа не ви дава за право да изнесувате вакви клеветнички тврдења. – одговори Заев.

Запрашан за главната причина поради која тужи, а тоа е изјавата на Николоски дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во државата, братот на премиерот одговори дека во последните две години, тој има зголемување на приходот и прометот, но тие биле во рамките на маргините.

Во истовреме тој потврди дека поседува многу бизниси.