Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев не се појави на денешното рочиште со Александар Николоски, кој го тужи за клевета.
Вице го тужи Николоски, затоа што на телевизијата 1ТВ Александар Николоски изјавил дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во државата со помош на неговиот брат Зоран Заев.
Николоски на судењето дојде сам, без адвокат и ќе се застапува самиот во случајот.
Од друга страна, Вице Заев не се појави на рочиштето.
Вице Заев е застапуван од адвокатот Горан Заев.