Македонија 05. март 2019. / 13:44

Ветеран на СДСМ, Џеват Исени: На овие избори ќе го поддржам Албанецот

Ветеран на СДСМ, Џеват Исени: На овие избори ќе го поддржам Албанецот

Долгогодишен член, функционер и ветеран на СДСМ, Џеват Исени, јавно на својот фејсбук профил, напиша дека иако многу години е член на СДСМ на овие избори за Претседател на државата ќе го поддржи кандидатот Албанец, односно независниот кандидат за претседател, професорот и поранешен дипломат, Блерим Река.

Јас, Џеват Исени, иако многу години сум член на Социјалдемократскиот сојуз на РСМ, на овие избори ќе до поддржам Албанецот, напиша на Фејсбук Џеват Исени.