Македонија 03. март 2020. / 12:16

Вештакот од Србија не можел да утврди дали снимките за „Насилство во Центар“ се сечени и монтирани

Вештакот од Србија не можел да утврди дали снимките за „Насилство во Центар“ се сечени и монтирани

На рочиштето од случајот „Насилство во општина Центар, Судот му дозволи на вештакот Слободан Јовичиќ да сведочи. Тој истакна дека како предмет за вештачење добил две цедиња на кои имало разговори на лицата Никола Груевски, Миле Јанакиески и Орце Камчев.

На прашање на адвокатот Дангов дали може да утврди дали снимките кои ги преслушувал се креирани, вештакот изјави дека тоа не може да го направи.
Но, затоа потврди дека денес постојат софтвери и хардвери кои може да ги модифицираат гласовите.
Од мене не беше побарано да утврдам дали разговорите се креирани. Но, да постојат алатки со кои тоа може да биде направено – рече Јовичиќ.