Македонија 06. ноември 2018. / 18:53

Верушевски побарал да се снимаат броевите на Груевски и Мијалков

Верушевски побарал да се снимаат броевите на Груевски и Мијалков

Зоран Верушевски, по вадењето на телефонските разговори, побара, доколку може, да се маркираат, односно да се внесат во системот за прислушување броевите на тогашниот премиер Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ова барање Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски одбиле да го исполнат.

– Нам не ни падна на памет да направиме такво нешто бидејќи сѐ што се маркира останува како траен запис кај операторите што беа контролирани. Не сакавме да маркираме бидејќи не сакавме да направиме криминал- вели Лазаревски.

Како што тврди, селектирањето на материјалите го правеле Верушевски и Костовски, а тој само пренесувал пораки меѓу нив.

Дисковите првично биле предавани двапати неделно, а потоа дошло до прекин поради летниот период. Од септември повторно продолжиле со префрлување на информациите.

Во кривичниот суд, со сведочење на Ѓорѓи Лазаревски, денеска продолжи судењето за предметот за масовното прислушување на СЈО, „Таргет-Тврдина“. Додека траело прислушувањето, Лазаревски работел како инженер во УБК.