Македонија 28. октомври 2019. / 12:32

Верушевски бара отштета од 71.000 евра поради притворот за “Пуч”

Верушевски бара отштета од 71.000 евра поради притворот за “Пуч”

Поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата во висина од 71.000 евра државата по судски пат поради 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објавија медиумите.

Како што е познато, тој беше притворен веднаш откако стана јасно дека постојат политички бомби во рацете на Зоран Заев, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.

Подоцна, за оружјето беше ослободен, додека обвинението за „Пуч“ го повлече специјалната обвинителка Катица Јанева, со што тој стекна право за отштета од државата.