По обелоденување на страшната сторија за Стојан Павлески, се обрати и неговата сестра Вера Митевска. Го повика Филипче да ја посети Клиниката за Трауматологија, во државната болница и да ги утврди причините за фактот дека таму, веќе четири месеци, секојдневно, дел по дел, се убива човек!
Телото на Павлески, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството, потенцира Митевска.
Господине Филипче,
Ова писмо го пишувам као ЧОВЕК, жител на држава која претендира да влезе во Европската Унија, според заложбите на Владата.
Како Министер за здравство, ве предизвикувам да направите итна посета на Клиниката за Трауматологија, во Државната болница и да ги утврдите причините за фактот дека таму, веќе четири месеци, секојдневно, дел по дел , се убива човек! Да СЕКОЈДНЕВНО СЕ УБИВА ЧОВЕК и тоа по ВАША партиска наредба! Постапките на вработените и дошепнувањата на загрижените го покажуваат вистината!Имено, мојот брат Стојан Павлески, самохран татко, од 25-ти октомври 2018 година лежи на Трауматологија, без дијагноза, без напредок во лекувањето, без надеж дека ќе преживее. Неговото тело, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството. Ако не беа тие до неговиот кревет, убедени сме дека досега злосторниците, кои се инфилтрирани и меѓу вашиот медицински персонал, ќе го убиеја.
Мојот брат, беше свирепо претепан во близината на „Зелен пазар“, 25 септември 2018 година. По завршувањето на работното време, заедно со неговиот другар, по краток разговор, се упатуваат кон нивните велосипеди, со намера да си одат дома. Од зад грб, подло и нечовечно, ги пречекуваат група луѓе и до бесвест ги претепуваат. Другарот на брат ми поминува со две скршеници на телото, а брат ми, бессознание го пренесуваат во болница. Без снимки, веднаш само му го залепуваат носот со фластер и нам, на домашните ни кажуваат дека нема други скршеници. Во таква состојба, после операцијата е пуштен дома, сам со такси, во три часот ноќта! Повторувам САМ, без никаква придружба.
Бидејќи, остатокот од ноќта имаше болки во рацете и нозете, беше во ненормални болки, ние викнавме брза помош, која ја чекавме да дојде цели четири часа. Дури седум часа потоа, беше прегледан од медицинскиот тим на Трауматологија и беше оставен да лежи во болница.Откако беа направени медицински снимки, лекарите кратко ни соопштија дека , мојот брат нема скршеници, но го ставија да лежи во болница. По неколку дена , на наше инсистирање, едвај направија други снимки и се утврди дека има скршеници на вратот и крварење на мозокот!!! И ТОЛКУ!
Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозиран. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик( така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат! Кога има медицинска визита, нас домашните, нѐ бркаат од собата. Сите дијагнози и документи се чуваат под клуч, кај Началникот! Докторот, кој што ја изврши операцијата на носот, предложи пациентот да биде префрлен на друго одделение, но препораката беше неуспешна, заради НАРЕДБИТЕ од неговите претпоставени, Директорот, началникот или кој знае кој, кои имаат за цел , брат ми да биде умрен, свирепо, на тенане.Дури деновиве ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен, а има доживеано и излив во мозокот и, замислете, редовни преврски на раните му прават на секои пет дена!!?
Брат ми, Стојан Павлески, лежи непокретен, веројатно веќе со дистрофија на мускулите во екстремитетите, лежи засмрден од развиениот декубит- гнојни рани по телото, кои се јавуваат од лежење. Постојано го држат под седативи и едвај зборува сега, а зборува по малку откако ќе помине дејствието на седативите. Ние го храниме, ние го облекуваме, ние го негуваме и тоа 24 часа во денот. Медицинската нега е под нивото на човештината.
Инаку, за појаснување: Брат ми Стојан Павлески е чесен МАКЕДОНЕЦ, патриот. Тој влезе со групата патриоти во Собранието на 27-ми април и беше уапсен со Обвинение дека го нападнал Села. Видео снимките покажаа дека тој не е виновен според обвинението, бидејќи го немаше на видео снимките и Судот го ослободи. Но, „соживеаните со нас“, не му простија дека е ПАТРИОТ. Сега сите заедно, по наредба го умираат!Ве молам, ИТНО, да го посетите и да ни ја дадете вашата „МЕДИЦИНСКА“ документација на увид. Да видиме каква е состојбата. Во спротивно, уште утре да си дадете оставка, заради неспособноста да се грижите за народот, кој дава средства од кои вие земате плата!
Можеби е подобро некој од загрижените сопственици на приватни болници во Македонија, да покажат интерес и знаење и за народот, кој го убедуваа дека е подобро да се живее обезимен, обезглавен и дека секако, како таков, меѓу другото ќе има основна здравствена заштита.
Одговорноста е доблесна работа, а за овој случај сите инволвирни треба да сносат одговорност за здравствена негрижа и угнетување со физички последици, опасни по живот.
Огорчени, семејство Павлески Вера Митевска(сестра), напиша Митовска на Фејсбук.