Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, на денешното рочиште за настаните од 27 април истакна дека не се чуствува виновен.
Вељаноски потенцира дека овој случај е нарачка на извршната власт за да се влијае на гласањето за уставните измени.
– Го разбрав обвинението, но разбрав и дека Обвинителството нема докази. Се работи за класичен политички прогон со цел пратениците да гласаат за уставните промени – изјави Вељаноски пред судот.