Македонија 11. јануари 2019. / 21:30

Велика Британија ја честита промената на името

Велика Британија ја честита промената на името

По усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант порача дека ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница.

Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија.

Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, се вели во пораката од Хант.