Македонија 13. април 2020. / 17:00

Велес е најтранспарентна македонска општина

Велес е најтранспарентна македонска општина

Според мерењата на Центарот за управување со промени (ЦУП), Oпштина Велес е највисоко рангирана на Барометарот за веб-транспарентност во 2020 меѓу општините во земјава. По неа на второ место се наоѓа Општина Битола, а трета е Општина Свети Николе, четврта Општина Крива Паланка, а петта Општина Кавадарци.

Во образложението на Центарот за управување со промени се истакнува дека Општина Велес објавува најмногу информации на општинската интернет страница за работата во рамките на своите надлежности.

Тие појаснуваат дека барометарот за веб-транспарентност ги рангира Единиците на локалната самоуправа според нивото на проактивна транспарентност во рамки на дефинирана рамка на индикатори, кои се составен дел на „Стандардите за е-транспарентност на Единиците на локална самоуправа”, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место”, финансиран од Европската унија.

Истражувањето на ЦУП било спроведено во периодот февруари – март годинава.