Македонија 03. јануари 2019. / 09:56

Веднаш по Божиќ следи промена на уставното име – што друго не очекува во 2019-та?

Веднаш по Божиќ следи промена на уставното име – што друго не очекува во 2019-та?

Ваднаш после Божиќ или од 9 јануари до 15 јануари се очекува Собранието да ги усвои уставните измени.

Нема конечна потврда за тоа кој ќе го стисне својот глас „за“, иако се брифира дека двотретинското мнозинство е обезбедено.

По, гласањето и по промената на уставот, ќе се разговара за кандидатите за претседател, но и за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори.

Владини извори брифираат дека премиерот Зоран Заев е под политички притисок да има избори, ама дека тој би сакал ова година да ги нема за да може да се посвети на економските предизвици.

Инаку за изборот за претседател се тврдеше дека ако ВМРО-ДПМНЕ бојкотира и ако нема цензус, можно е да има уставни измени за да може претседателот да се бира во Собранието.

Грчки Катимерини објави дека Скопје ја забрзува ратификацијата на договорот од Преспа, а дека од расправата ќе се повлечат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на грчката влада изјави дека премиерот Ципрас на 18 јануари ќе ја објави временската рамка за ратификување на договорот во грчкиот парламент.