Македонија 12. февруари 2019. / 15:07

Вечерва Извршен одбор на СДСМ – еве за што ќе дискутираат

Вечерва Извршен одбор на СДСМ – еве за што ќе дискутираат

СДСМ за вечерва го свика продолжението на седницата на Извршниот одбор.

На дневен ред, освен претседателските избори, се и точките за локалните избори во три општини, можните предвремени парламентарни избори и редовна пререгистрација на партијата.

Извори на Алсат од СДСМ најавуваат дека Извршниот одбор вечерва ќе одлучи само за една точка. Неофицијално, Алсат пренесува дека СДСМ ќе го отфрли повикот на опозицијата за предвремени избори заедно со претседателските.