Македонија 27. јули 2020. / 22:46

Физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

Физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

Според очевидци на настанот, околу 19.30 часот пред поликлиниката Чаир физички е нападнат колумнистот и аналитичар, Агим Јонуз. Причините за нападот, засега, не се познати, а Агим Јонуз пишува колумни во порталот Вечер и е критички настроен кон актуелната власт.

Според очевидци, Јонуз сам се одбранил од напаѓачите така што едниот е неутрализиран од негова страна, а другиот потоа избегал од местото на настанот. Случајот не е пријавен во МВР затоа што „таквите работи се решавале според чаирски правила“, велат очевидците на настанот.

Очекуваме повеќе детали во текот на утрешниот ден лично од Агим Јонуз.