Наставници од Основното Училиште во село Режановце, Куманово напуштиле настава околу 14:00 часот и ги испратиле учениците дома. Образложението било дека ќе одат на семинар, но родителите претпоставуваат дека причината е за да можат да присуствуваат на маршот на СДСМ во Скопје, пишува Вечер.
Вечер.мк дознава дека иста е ситуацијата и во основните училишта ,,Кочо Рацин“ 11 Октомври“ , Браќа Миладиновци“ „Христијан Тодоровски Карпош како и „Крсте Мисирков“
Според информациите кои ги испратија до нас наставниците кои не ја напуштиле наставата самоволно со притисоци биле принудени да го сторат тоа.
Родтелите прашуваат кој ќе им го надополни изгубените часови на учениците и дали децата ќе треба да учат во саботи, само затоа што нивните наставници тераат партиска агенда?