Откако судот амнестираше 12 лица за учество во настаните поврзани со 27 април, директорот на телевизија Алфа и автор на емисијата „Во Центар“, Васко Ефтов се огласи на социјалните мрежи.
– Ќе ве молам немојте повеќе да не спасувате со вашиот патриотизам. Многу е скапа цената кога вашиот патриотизам станува наша „срамна амнестија“! Македонија не заслужи со своето име да биде жирант на таков патриотизам! – напиша Ефтов на Фејсбук.
Неговиот пост доби огромна поддршка од фановите, а во еден од коментарите Ефтов му се заблагодари на оперскиот пејач Игор Дурловски што не прифати амнестија, туку одлучи да се бори и да ја докаже својата невиност.
– Господине Игор Дурловски, чест ми е што живееме во исто време и сакаме иста Татковина! И не бараме ништо за тој наш патриотизам! – додаде Ефтов.