Владата на СДСМ на 13 јуни по брза постапка во ек на вонредна состојба одлучува да ја финансира и дава дел од колачот од пола милион евра на невладината организација на Јасна Мандиќ, директорката на 1ТВ, на сега осудениот во Рекет, Бојан Јовановски, посочи на денешната прес-конференција Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Василевска кажа дека Мандиќ и самата е дел од судскиот процес наречен Рекет 2, а поврзан со Меѓународниот сојуз, преку кој како потпретседателка учествувала во перење на над милион евра кои Боки 13 ги изрекетирал од бизнисменот Силјан Мицевски и други лица.
„Мандиќ моментално се наоѓа во куќен притвор, но тоа очигледно не е пречка владата на СДСМ да и даде дел од пола милионскиот колач. Очигледно е дека поврзаноста помеѓу Зоран Заев, СДСМ и главните извршители во аферата Рекет продолжува и понатаму и не застанала со отворање на судските постапки“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и запраша дали Мандиќ знае нешто со кое што Зоран Заев не сака да биде запознаена пошироката јавност.
„Дали парите кои Јасна Мандиќ ги добила преку својата невладина се надомест за нејзината ‘коректност’ кон Заев и врвот на власта“, јавно праша Василевска и додаде дека Македонија не заборава вакви неправди и дека народот ќе направи разлика.