Македонија 19. јуни 2019. / 17:02

Василевска го прифати разрешувањето од Националниот совет за ЕУ

Василевска го прифати разрешувањето од Националниот совет за ЕУ

Откако претседателот Стево Пендаровски побара разрешување на професорката Иванка Василевска која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет, со свој став се изнесе и самата Василевска, која порача дека со задоволство ќе ја напушти функцијата.

– Секако дека бара и секако дека со задоволство му ја препуштам плодната работа во Националниот совет за ЕУ на Сашко. Со среќа нека е препораката за… па добро, препораката да има препорака дека за милион години ќе добиеме датум. За 27 Април, стојам зад секој збор и верувам дека конечно Рускоска ќе ги најде организаторите и дека ќе има правда, ако не сега, тогаш кога ќе ги вратиме институциите на системот во нормала. Времето е најсилниот адут за жртвените јагниња кои ги пеплосавте за гнасна цел. Да живее Република Македонија, право и правда за сите македонски граѓани! – истакна Василевска.