Македонија 02. декември 2020. / 22:41

Вархеји песимист дека ќе почнеме преговори: Потребни се дополнителни напори со Бугарија

Вархеји песимист дека ќе почнеме преговори: Потребни се дополнителни напори со Бугарија

Еврокомесарот Оливер Вархеји не е оптимист дека до крајот на годинава ќе биде усвоена преговарачката рамка за старт на преговори на Европската унија со Македонија, кон која упати посебна порака.

– Македонија мора да вложи дополнителни напори за да ѝ излезе пресрет на загриженоста на Бугарија, за да се најде решение прифатливо за двете земји, изјави тој на расправата во Европскиот парламент за ситуацијата во Западен Балкан 25 години по Дејтонскиот договор.

Според Вархеји, сè помали се шансите за почеток на преговори годинава.

– Сè уште се надевам, но, за жал, сè помалку е извесно дека годинава можеме да ги усвоиме преговарачките рамки, рече Унгарецот, мислејќи и на Албанија.