Македонија 10. јуни 2020. / 22:19

Вархеј: Изборите мора да бидат инклузивни земајќи ја во предвид ситуацијата со Ковид-19

Вархеј: Изборите мора да бидат инклузивни земајќи ја во предвид ситуацијата со Ковид-19

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска разговарал со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по што објави твит според кој не препорачува еднострано објавување на датум за избори без консензус од сите политички партии ниту гласање во влошена состојба со Ковид-19.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски за да ја потенцирам важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Македонија земајќи ја во предвид ситуацијата со Ковид-19 како и потребата ефикасно да се адресира економската обнова, напиша на Твитер еврокомесарот Вархеји.

Твитот на Вархеји е објавен кратко откако владата на СДСМ објави соопштение со кое јасно најави дека изборите може да се случат на 5 јули што е неприфатливо за опозицијата.