Македонија 11. септември 2020. / 13:01

Вандализирани фонтаните во центарот на Струмица: Наместо вода тече пена

Вандализирани фонтаните во центарот на Струмица: Наместо вода тече пена

Фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“ во Струмица утрово осамнаа наполнети со пена.

Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.

– Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“.

Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запознаена и полицијата.