Македонија 08. мај 2019. / 16:30

Ван ден Берг: Следува кантонизација или федерализација на Македонија

Ван ден Берг: Следува кантонизација или федерализација на Македонија

Директорот на организацијата БИП која се занимава со политичките прицеси на Балканот смета дека следен чекор кој што може да биде преземен во Македонија е кантонизација или федерализација, пишува expres.mk.

Ханс Ван Ден Берг кој е експерт за Балканот и специјалист за Албанското прашање вели дека кантонизација или федерализација се дел од финалниот план на посредникот при Пржинскит договор неговиот холандски сонародник Ван Хојте.

Кантонизација или федерализација (како финален чекор од планот на Ван Хојте) може навистина да биде следниот чекор во процесот на актуелната поларизација која вклучува и интра и меѓуетничка поделба, смета Ван Ден Берг.

Според холандскиот експерт за регионот овие поделби се случуваат паралелно со “отсуство на владеење на право, присутната неказнивост, за корупција, непотозам и отсуство на подобар живот.

Ван Ден Берг на почетокот на оваа деценија бил лидер на проектот “Алб Факт” кој се занимавал со стратешките правци на политиката на Албанците.

Во видеото од 2010 година тој самиот се претставува како специјалист за албанското прашање.