Македонија 22. јуни 2020. / 12:01

Ван ден Берг реагира на Џамбаски: Нема да биде изненадување ако се појави движење „Македонските животи вредат“

Ван ден Берг реагира на Џамбаски: Нема да биде изненадување ако се појави движење „Македонските животи вредат“

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, реагира на скандалозните изјави за Македонија на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во видеоконференцијата на неговиот профил на Фејсбук.

Со расисти/националисти како бугарскиот член на Европскиот парламент, Џамбаски, и веќе спроведениот напад врз македонските историја/идентитет/јазик итн. нема да биде изненадување ако наскоро се појави движење ‘Македонските животи вредат’. Договорот за пријателство навистина направи чуда. Национализмот само се зголеми – коментира Ван ден Берг на Твитер.

Таа поента на традиционалните ‘волци’ што ја опкружуваат македонската нација е (според многумина, намерно) пропуштена, па вградувањето на Македонија во сферата на интереси на САД/ЕУ добива приоритет во однос на природата и на волјата на македонските граѓани, кои поради тоа ја загубија вербата во САД/ЕУ/македонската Влада итн. – додава Холанѓанецот во друг твит.