Понатаму следува Катица Николовска, дипломиран економист од Велес, Нури Бајрами од општина Гостивар, Билјана Николовска, дипломиран економист од Скопје која е можно да биде и идниот претседател, Горан Трпеноски, новинар од редакцијата на „Сакам да кажам” и Шемши Салаи, дипломиран правник. Високо на листата котираат и Владимир Клековски и адвокатот Рахамин Мизрахи.
Кандидатите за членови на ДКСК за првпат беа интервјуирани јавно, од страна на седумчлена комисија и со можност за поставување прашања од новинари и претставници од граѓанскиот сектор.
До утре пред пладне собраниската Комисија за избори и именувања треба да одлучи кои ќе бидат седумте антикорупционери од интервјуираните 57. Потоа пратениците на пленарна седница ќе треба да ги изгласаат.
Комисијата за селекција на кандидатите за претседател и за членови на Државна комисија за спречување на корупцијата ја составува пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, а Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор.
Учесници во интервјуата беа и претставници на медиумските и граѓанските здруженија.