Соочен со десетиците скандали кои му се случија во изминатиот период – премиерот Зоран Заев синоќа наложил да почнат да се затвараат функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Рано утринава, како што дознава Економски Лидер, уапсен е членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски, заедно со претседателот на огранокот на партијата во Аеродром, Дејан Митревски.
Димовски минатата недела жестоко реагираше на скандалот со тепање и измачување од страна на градоначалникот на Шутка и во неколку наврати имаше прес конференции во кои се разобличуваа криминали.
Митревски пак, води Општински Комитет кој на претседстедателските избори и нанесе огромен пораз на владејачката СДСМ во Аеродром.
Двајцата се вработени во министерството за транспорт и врски.