Македонија 16. јуни 2018. / 09:44

Утре во Преспа ќе се потпише договорот, еве кои ќе присуствуваат

Утре во Преспа ќе се потпише договорот, еве кои ќе присуствуваат

Под зајакнати безбедносни мерки шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во регионот на Преспа на грчка страна ќе стават потпис на договорот за решавање на спорот за името, со кој е предвидено официјалното име за севкупна употреба да биде Република Северна Македонија или скратено – Северна Македонија.

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата е превидено и присуство на високи претставници на меѓународната заедница, високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но нивното прусуство официјално се уште не е потврдено, иако Могерини самата изјави дека би сакала да присуствува на церемонијата.

По потпишувањето следуваат изјави, а потоа двете делегации се префрлаат на македонска страна, каде е предвидена официјална средба на премиерите Заев и Ципрас, на двете делегации и заеднички ручек.