Македонија 29. ноември 2020. / 14:45

Утре протест во 11 града: Заев мора да падне, порача Николоски

Утре протест во 11 града: Заев мора да падне, порача Николоски

Утре се организираат 11 протести низ градовите во Македонија, на кои ќе се искаже револтот од ставовите на премиерот Зоран Заев посочени во неговото интервју за БГНЕС.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својот фејсбук напиша:

-Продолжуваме заедно, сплотени во борбата за зачувување на македонските национални интереси и црвените линии на македонскиот народ. Ги повикувам сите граѓани утре да се приклучат на протестите во 11 града во Македонија. Заедно сплотени ќе успееме, Заев мора да падне! Оставка на Заев, слобода на народот!, напиша Николоски.

Posted by Aleksandar Nikoloski on Sunday, November 29, 2020