Македонија 15. април 2020. / 18:36

Утре напладне седница за вонредната состојба

Утре напладне седница за вонредната состојба

Советот за безбедност на Република Македонија утре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

На седницата Советот се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за спраување со пандемијата на Ковид-19, откако вчера Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до претседателот дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.

На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата на Претседателот и на неговиот Јутјуб канал.