Македонија 13. март 2020. / 22:49

Утре ќе се разгледува можноста за затворање на трговските центри

Утре ќе се разгледува можноста за затворање на трговските центри

Министерот за здравство, Венко Филипче, гостуваше во студиото на Нова ТВ каде што зборуваше за состојбата на пациентите кои се позитивни на коронавирусот и  истакна дека ги контактирале и пензионираните доктори кои се во можност да помогнат за новонастанатата состојба.

Министерот посочи и дека има сериозна резерва на тестови, но сега ги надополнуваат.

Според него, првата група на пациенти се оние кои се заразија во други земји и дошле во земјата. Се проверува дали некој доаѓа од ризичните подрачја или имал контакт со некој кој бил во ризичните подрачја, па потоа се одлучува за тестирање.

„Доколку се утврди дека моловите се место каде се собираат голем број луѓе, тогаш ќе размислиме да се затворат“, рече Филипче.