Македонија 28. мај 2019. / 17:47

Утре ќе се одлучува за мандатот на Груевски

Утре ќе се одлучува за мандатот на Груевски

Комисијата за мандатно- имунитетни прашања ќе одлучува утре за мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски

Седница ќе ја води заменик-претседателката Снежана Калевска Ванчева, бидејќи претседателот на Комисијата Павле Богоевски во четвртоикот за кога првично беше закажана седница, си поднесе оставка од пратеничаката функција, бидејќи беше фатен на аудио снимка како нарачува кокаин.

Од партијата во која Груевски е почесен претседател и дененска повторија дека причините за неговото отсуство од македонското собрание се познати – политички азил во Унгарија, но велат дека допрва ќе го градат ставот околу тоа како ќе се изјасни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одземање на неговиот мандат.

Од владејачката СДСМ, пак ,велат нивните пратеници ќе гласаат по сопствено убедување во однос на мандатот на Груевски, но сметаат дека Законите треба да важат подеднакво за сите.

Предлогот за одземање на мандатот доаѓа по шест месеци неоправдано отсуство на Груевски од собраниските клупи откако од ноември лани е во Будимпешта каде доби политички азил. Ова е втор ваков обид, откако во ноември минатата година само 58 пратеници се изјаснија „за“ одземање на мандатот на екс-премеирот, што според Устав, се утврдува двотретинско мнозинство од најмалку 80 претеници на пелнарна седница во Собранието.