Македонија 25. ноември 2018. / 14:36

Утре Јанакиески и Божиновски ќе бараат укинување на притворот

Утре Јанакиески и Божиновски ќе бараат укинување на притворот

Утре на јавна седница поранешниот министерот Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски во Апелацискиот суд, ќе бараат да им се укине притворот. Второстепениот суд уште ќе расправа за жалбите поднесени од двајцата обвинети за определената мерка притовор од Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1.

Јанакиески и Божиноски веќе втора недела се во притвор, откако по барање на СЈО завршија во истражниот затвор „Скопје”, поради наводен план за бегство. И двајцата притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник”, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.

Неделава во Апелацискиот суд ќе бидат разгледани и жалбите на притворените во случајот „Империја”, но и на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој беше притворен поради опасност од бегство.