По повод 8-ми септември – Денот на независноста, утре, со почеток во 18.00 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Утре во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на АРМ.
Претходно, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија, соопштуваат од кабинетот на началникот на ГШ на АРМ.