Владата на четвртата седница го донесе „Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година)“, со акциски план со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Kако што соопшти владината прес-служба, во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдуваат идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето.
– Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион – се вели во соопштението.
На седницата Владата го утврдила и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, кој, меѓудругото, предвидува повеќе случаи како причина за одземање на концесијата за експлоатација заради битни повреди на одредбите од договорот во случаи кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението.
Владата далаи позитивно мислење на барањето на Собранието на предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, кој пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.