Македонија 10. ноември 2018. / 19:11

Усвоен амандманот со кој и го гарантираме суверенитетот на Грција

Усвоен амандманот со кој и го гарантираме суверенитетот на Грција

Со десет гласа „за“ и два „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои и предлог-амандман на Уставот со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритете и политичката независност на соседните држави.

Опозицијата за амандманот рече дека е непотребен со оглед дека во Уставот веќе го гарантира суверенитот и оти Македонија никогаш немала територијални претензии. Претениците од редовите на владеачката СДСМ им одговорија дека токму однесувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години го наметнала барањето од страна на Грција за запирање на политичката реторика на територијални претензии.

-Тоа не се однесува на реалната моќ, тука на политичката реторика која што изминативе години и преку симболика и преку реторика се реобновува и ревитализира. Картите на етничка Македонија, паролите ’Солун е наш’ и се она што алудира на територијална претензија- рече Фросина Ременски, пратеник од СДС.

Паретниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска го повторија ставот дека уставните измени и целиот процес кој се води околу тоа во Собранеито е нелегитимен.

-Ние 120 пратеници немаме мандат ова да го тераме. Ова што го работиме овде е надвор од Закон, надвор од Устав- изјави Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за надворешни работи во неколку наврати од опозицијата беше прашан дали и кога во Грција ќе има уставни измени за да се гарантира територијалниот интегритет на Македонија.

-Обврската за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност е взаемна. Меѓутоа факт е дека Договорот не предвидува обврска за Грција оваа одредба да ја вметне во нејзиниот Устав- рече Никола Димитров, министер за надворешни работи.

На дневен ред на Комсијата за уставни прашања останат е последниот од четирите предложени амандамни кој се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.