Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција, на новинарско прашање што доколку не се прогласи повторно вонредна состојба одговори:
Доколку не се прогласи повторно вонредна состојба, а потребен е законодавец во државата ( во случајот стариот состав на Собрание или избори за нов состав ), која опција од двете кои се на располагање ќе ја понудите на лидерската средба за да не се случи неколку месечна парализа во однос на нови мерки или уредби?
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на евентуалното враќање на Собранието не е став заради водење инает или дневно политиканство. Неколку пати досега имам напоменато, кога станува збор за почитување на Уставот и законите, не можеме тука да ги прашуваме политичарите што мислат и кој е нивниот став. Уставот е дециден и јасно кажува дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е самораспуштено и пратениците го имаат вратено мандатот. И впрочем ова не е став како што кажав на дневна политика на ВМРО-ДПМНЕ, туку тој став е и на најголем дел од врвните експерти во државата кои ја третираат материјата на Уставното право и политичкиот систем. Така да овде не станува збор желби на политичките партии и преку нели изразување на тие желби и согласност на политичките лидери на некој начин повторно да се прекршуваат Уставот и законите. Тоа што го имаме пропишано и ако навистина се залагаме за владеење на правото и правната држава тогаш мораме да почитуваме она што е напишано, рече Јанушев.