Македонија 06. ноември 2020. / 11:27

Уставните судии не се договорија: Прекината седницата за аболицијата на Иванов

Уставните судии не се договорија: Прекината седницата за аболицијата на Иванов

Осумтемина уставни судии не се договорија да се одлучува за аболицијата на Иванов со која во 2016-та година беа опфатени високи владини и партиски функционери.

Аргументите за или против во Уставен се изедначени, 4:4, па уставните судии не можеа да се договорат дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложи судијата Осман Кадриу.

Доколку уставните судии одлучеа да се поништи членот 11-а, автоматски би се активирала аболицијата за 56 лица, со што во вода паѓаат сите процеси од СЈО против поранешните функционери, Мијалков, Груевски, Јанакиески, Јанкулоска итн. Тие го спорат членот 11-а и до судот во Стразбур каде што моментално ја тужат државата, затоа што води судски процеси против нив, а тие биле помилувани.