Македонија 06. мај 2020. / 14:14

Уставните судии глумат Уставен суд – Оценуваат нешто што не е уставно спорно

Уставните судии глумат Уставен суд – Оценуваат нешто што не е уставно спорно

Нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста за прогласување на вонредната состојба од претседателот Стево Пендаровски од 18 март, оценија уставните судии. Тие беа едногласни во ставот дека не може да се оценува нешто што не е во правна сила.

-Зошто да зборуваме за нешто што не е во правна сила. Вонредната состојба прогласена на 18 март веќе е помината, а иницијативата се однесува токму за таа одлука на претседателот Пендаровски“, рече судијата Владимир Стојановски, пренесува „СДК.мк“.

Судијата Осман Кадриу кажа дека одлуката на претседателот Пендаровски е строго уставна и строга државничка и нема основа да се поведе постапка за оценување на уставноста на оваа одлука.

Меѓутоа, уставно спорна не е првата, туку втората одлука на претседателот Пендаровски за воведување вонредна состојба во државата, што тој ја донесе на 16 април. Оттука, останува отворено прашањето дали уставните судии ќе се произнесат околу неа.