Уставните судии донираа 138.000 денари на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за справување на кризата со короновирусот.
– Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека претседателот на Судот и сите судии, донираа по 20 отсто од својата нето плата за месец април со намена поддршка на активностите за спроведување за спроведување на мерките за справување на кризата со короно вирусот на сметката објавена од Владата за оваа намена, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
Уставниот суд, на 29 април годинава, едногласно донесе одлуката за запирање на кратењето на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица. Ова наиде на негодување кај граѓаните, а Владата реагираше дека одлуката на Уставниот суд е скандалозна и спротивна на принципот на солидарност за време на епидемијата.