Ниту втората одлука претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба нема да биде предмет на проверка од Уставниот суд. Денеска судиите одлучија дека одлуката не е спорна.
Минатата недела Судот не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првите 30 дена на вонредна состојба, што ја прогласи Пендаровски.
Уставните судии во четврток ќе разгледуваат и иницијативи поднесени до нив во врска со полицискиот час и ќе утврдуваат дали со оваа мерка се прекршени основните човекови права на слободно движење.