,,Преспанскиот договор” доброволно понуди Уставот да биде трајно конфискуван. ООН ставаат рака врз највисокиот правен акт во земјава. Се активира механизмот на МЕЃУНАРОДНО ТРАЈНО ТУТОРСТВО, интервенција во секој момент. Референдумот нема да пропадне, но работата е утната набрзина, без внатрешен консензус поддршка од дипломати кои можеби прв пат слушнале за Република Македонија. Кампањата кај албанскиот блок ја водат партии кои се во тотален политички и морален колапс. Публицистот и политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди, верува дека референдумот ќе помине, но после него има доста работа. Политичката игра стратува по 30-ти септември
Една недела пред ,,историскиот’’ референдум, но сеуште јазот на поларизација во македонското општество е голем. Очекувањата на власта и опозицијата спротивни, какви последици ќе донесе иходот, што би значело спротивното делување на граѓаните?
Требаше да се почне од еден стратешки став, и тоа врз основа на еден реален консензус меѓу сите политички актери во земјава, вклучувајки го достоинствено и цивилното
општество се со цел обврската што произлегува од Преспанскиот Договор. Да се исполни начелно позитивно од оваа страна, бидејќи тоа најважното во поглед на динамиката во процесот на имплементацијата на пример со тоа да не се наседне на евентуалната стратегија на неподржувачите на овој договор отаде границата ДА ракоплескат оти оваа пропадна од оваа страна.
Владата токму во овој поглед ми се чини дека ја утна на брзина работата, поконкретно,премиерот Заев. Со која памет се носи кога се нафаќа за некоја политичка акција, и затоа често пати излегува конфузен и контадикторен. Ветува нешто дека ќе превзема акција против корупцијата, а неговите ајдуци во владата, на чело со Анѓушев си тераат по своето со нови скандали.
И во поглед на стратегијата на кампањата нема кохерентност во конципирањет и спроведувањето на истата.Па затоа, за случајно не позитивен исход на Референдумот, одговорноста би требало да ја сноси тој и амбасадорот на ЕУ во Македонија, г. С. Жбогар, бидејќи се знае дека во тимот на кампањата за Референдумот се вклучени “експерти” европејци за ,,Публик релејшен”, а дел од нив можеби прв пат слушнале за Макакедонија
Реалната Македонија…
Нема да има последици на начин како што го драматизираат овие од чудната зговорена коалиција, но најдобро би било да има позитивен исход, и како се менуваат работите како исход на ангажирањето на стожер, дипломатијата, веќе е на видело дека Референдумот нема да пропадне.
Засега, не е многу јасно каква ќе биде подршката на Албанските граѓани за Референдумот, и тоа токму од причини што. Заев многу ноншалантно се определил кампањата среде Албанските граѓани да ја водат албанските партии кои се во тотален политички и морален колапс, тотално некредибилни за референдумска “педагогија” пред граѓаните Албанци, и нивните говори про Алијансата на НАТО и за ЕУ, односно за “Европска Македонија”, граѓаните ги сфаќаат, ги перцепираат како продолжување на “Ајдучка европска Македонија”. Но, за ова “конфузна и неискрена референдумска приказна” на Заев во однос на непочитувањето на легитимноста на волјата на Албанските граѓани, има и ќе има многу да се зборува.
Ова “коалициона албанско-македонска конфузија” на Заев на “европејците на Амбасадорот Жбогар ја прави референдумската кампања да изледа малку и неискрена спрема НАТО.
Дали договорот од Нивице е потишан во вистинскит момент со вистинските играчи, едни се силни поддржувачи, други силни критизери дека се продава националниот интерес и идентитет?
По однос на Договорот од Преспа, би рекол дека, добро е што доведена до тука разврската на овој историско-симболичен, односно јазично-семантичен спор за името помеѓу Македонија и Грција. Ова “придобивка” треба повеќе да ја чува македонската “еднострана” страна. Па затоа, јас во својство на аналитичар и публицист кој оваа проблематика ја следи повеќе од 20 години, апелирам на тоа, Референдумот да има позитивен исход, без поларизации внатре кај македонскиот блок, но се, разбира, и без обиди за манипулации со легитимното демократско изјаснување на Албанските граѓани. Зошто го велам ова?
Го велам затоа што, ова варијанта на Договорот,како што велат потписниците, “му става крај” на еден спор долг 27 години. Тоа е точно, и му става крај токму со почетните позиции што македонските преговарачи ги бранеа во почетокот, а после самите заглавиле од посакуваниот договор да извлечат нешто повеќе. Ама баш непотребно повеќе од еден” историско-семантичен спор, да се” добие и сигурност и гаранција за идентитетот и тоа со ставање на истиот во рамката на овој меѓународен договор. Добро, ова звучи некако како гаранција, ама не во реципрочен однос, туку како гаранција, овој “државен идентитет” со оваа” гаранција”да биде заштитен, да не биде “загрозен” од некоја си “Голема Бугарија” или “Голема Албанија”, а “формулата” против овие две “параноични” загрозување, ја нашле во внатрешното редефинирање на државниот идентитет,што воопшто не може да биде предмет на меѓудржавни договори.
Ова, од информациите што дел по дел или со алузии се спомнати јавно од грчките медиуми блиски до двете преговарачки страни, го барале македонските преговарачи, и преговарачите на тимот на СДСМ, и на ВМРО – ДПМНЕ. Така, во преговорите за името, во 1998-99 година, кога бил ставен на маса “Република Македонија(Скопје), пропаднале не само заради несогласување со предлогот, туку зошто не добиле некаква ‘согласност” од грчката страна во Договорот да се стави некаков “заштитен механизам” да “не ни ја земаат државата Албанците со демографски пораст”. Смешна барана гаранција !!!
Договорот од Преспа предвидува промена на Уставот. Дел од академската заедница, меѓу кои има професори кои беа гласни во критиките сега се силни поддржувачи и го оценија договорот како најоптимално решение.Што ќе смени Преспа врз највисокиот државен акт?
И во овој веќе стокмен договор, по барање на македонскиот преговарачки тим(со интелектуална потпора на МАНУ) е. “вграден механизмот преку внатрешното редефинирање на концептот на етничката држава. И покрај историските и сегашните реалности, договорот нуди сега една” Правна Македонија”,која ќе биде заштитена трајно со ставање не дел од уставот под меѓународна заштита, ОДНОСНО МЕЃУНАРОДНО ТУТОРСТВО, поконкретен под туторството, на Советот за Безбедност на ООН, бидејки и преговорите и договорот имаат МЕЃУНАРОДЕН статус.
Пак ќе речат двете страни (овие македонските, бидејки на ист начин заглавиле) договорот ја “зациментира македонската државност и идентитет трајно”, ама забораваат, според тоа што може да се научи компаративно и од емпириски случаеви на Балканот, да не одиме подалеку, тоа во суштина значи, барем теоретски, тоа, би било “идентитет по меѓународно туторство”, односно нецелосна независноост духовна и правна и зависна од во овој случај од политичката” соседна”воља, која по се изгледа не била наивна да попушти нешто нефункционални за нејзините интереси и да добие некое трајно условување за “трајно функционирање на Договорот”. Во контекст на БАЛКАНОТ, две земји имаат меѓународно ТУТОРСТВО врз нивните устави, Босна – Херцеговина и Косово, и тоа баш врз уставните одредби што го дефинираат државниот идентитет, иако за опсегот на таквото ТУТОРСТВО има и разлики. Ама тие се устави на земји после воени конфликти, КОНФИСКУВАНИ Устави. И уставот на Македонија од 1991(со измените од 2001 година, Охридски Договор, беше многу кратко, многу лежерно КОНФИСКУВАН, а сега, Доброволно се нуди да биде на извесен НАЧИН, трајно КОНФИСКУВАН?!