Македонија 05. април 2020. / 14:43

Уште еден демант на лажните вести – Мирко Петровски: Со Мицкоски сме пријатели од деца, не беше дојден за вежбање

Уште еден демант на лажните вести – Мирко Петровски: Со Мицкоски сме пријатели од деца, не беше дојден за вежбање

Нов демант за лажните вести насочени против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доаѓа од Мирко Петровски, сопственикот на вежбалницата во која оди и Мицкоски.

Петровски најостро ги демантира пишувањата на одредени медиуми дека Мицкоски во време на мерки за изолација доаѓал кај негио за да вежба.

Реакцоијата на Петровски ја пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели,
Почекав да помине лудилото кое вчера го зафати дел од медиумскиот простор и во врска со написите со мојата теретана кој е личен мој бизнис кој го работам со децении и преку кој егзистирам јас и моето семејство, во тој контекст сакам да го истакнам следното.

Со Христијан Мицкоски или како што го нарекувам профа се знаеме од мали нозе, и тоа пријателство никогаш не се поврзувало со политика која мене не ме интересира. Тој како и многу мои пријатели вежба во мојата теретана се до почетокот на заразата со корона, каде јас како и многумина од оваа бранша ставивме клуч на врата. Но тоа не значи дека моите контакти престанаа.

Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да го усогласиме програмот за исхрана и тренинг. И по 30-40 минути си замина. Од тоа одредени медиуми направија тема, дека сум работел, дека се вежбало и слично, без да ме прашаат за вистината која сега ја пишувам. Мојот телефон и секогаш јас како човек сум бил отворен за соработка и тоа го знае секој кој ме познава, така и ќе продолжам. А тие кои неосновано пишуваа за мојата теретана очекувам да објават јавно извинување, во мера и обем како претходно објавената невистина. А до сите останати, а вклучително и профа, по пандемијата, се гледаме на тренинг. Поздрав!“