Политичката партија Левица во Управниот суд поднесе 101 тужби за заштита на избирачкото право на подносителите на листите.
Од Управен информираат дека за одржување на јавните седници по тужбите ќе биде дополнително сооопштено.
Управниот суд за денеска има закажано повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едната тужба поднесена од Интегра. Тужбите, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.