Македонија 07. август 2018. / 20:30

Упадот во домот на Јакимовски го води Лазо Велковски

Упадот во домот на Јакимовски го води Лазо Велковски

Директорот на Бирото за Јавна Безбедност, Лазо Велковски, за кој денеска беше најавено разрешување од страна на министерот Оливер Спасовски ја води полициската акција против претседателот на ГРОМ и ексградоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, дознава Лидер од полициски извори.

Формално правно, затоа што сеуште не е разрешен од Владата и покрај тоа што министерот Спасовски изјави дека ќе побара негово разрешување, тој е одговорен за униформираната полиција која попладнево изврши упад во домот на Јакимовски како асистенција на финансиската полиција.

Претресот во куќата на Јакимовски се случува на истиот ден кога МВР по 5 дена истрага за скандалот најави смена токму на Велковски со службен џип си ја пратил ќерката во Грција како и скандалите во Министерството за Здравство на Венко Филипче, но и последниот вчерашен скандал со Зоран Шапуриќ и Радмила Шеќеринска кои преку невладина организација земале државни пари.

Неодамна Јакимовски во интервју изјави дека Заев е најопасниот политичар во Македонија од 1945 година.

Портпаролот на МВР не беше достапен да даде изјава за ,,Лидер”.